Ансамблот „Танец“ ќе добие нови простории, одлучи Владата на последната седница

Од:

Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе добие нов дом. На иницијатива на директорот на ансамблот, Мартин Вучиќ, на последната владина седница одржана на 23 јуни, било разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение за нов дом.

„Танец“ е една од најстарите културни институции во државата, а на проектот за новите простории се работело интензивно во изминатиот период, велат од раководството.

Владата го разгледала барањето и го задолжила Министерството за култура да ѝ предложи соодветно решение за проблемот со кој се соочува Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“.

„По седум децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност. Ова е прв пат, некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развојот на овој наш најголем амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура, воопшто,“ велат од „Танец“.

Би можело да ве интересира

Претставување на „Танец“ на Експо 2025 во Осака

Спектакл на “Танец” во Подгорица по повод “Денот на независноста”

Ансамблот Танец в четврток заминува на балканска турнеја

Анамблот Танец на македонските летни сцени како дел од чествувањето на 75-годишнината

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

Почнува 61. Балкански фестивал на народни песни и игри