Петтиот циклус на проектот за поддршка на младите таленти од областа на науката, културата, уметноста и спортот е завршен, а последното „Ново Име“ е Ангела Георгиевска од Пробиштип од областа на танцот. Наградата до 2.500 евра за унапредување на својот талент, Ангела ќе ја искористи да се подготви за европски натпревари и уште повеќе да ја збогати својата колекција на освоени медали.
Проектот и понатаму продолжува, а сите млади од 16 до 30 години кои сметаат дека поседуваат талент и сакаат да го споделат, да добијат поддршка и да го унапредат, ќе можат да ги испратат своите пријави до 15 септември. Сите информации за начинот на пријавување се достапни на платформата Ново Име.
– Последните три години моите пријателки Ева, Дајана и јас танцуваме модерен танц. Немавме големи финасиски средства, па се пријавувавме само на регионални натпревари, ама успесите не изостанаа. Пресреќна сум што најпосле ќе имаме пари да се подготвиме и да се пријавиме и за поголеми, европски натпревар, рече Ангела.
Проектот „Ново Име“ во потполност го поддржува компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата „Novomatic“ во Македонија, а од јануари пет млади луѓе со победа обезбедија средства да ги унапредат своите знаења и вештини. Ангела стана Ново Име на танцот во Македонија, а минатите месеци на победничкиот трон се најдоа и Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески, Ново Име на музиката и Викторија Симеонова, Ново Име на музиката.