Анамблот Танец на македонските летни сцени како дел од чествувањето на 75-годишнината

Од:

По маестралната пролетна сезона од својата јубилејна година, којашто се одвива под мотото „ ТАНЕЦ – 75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД“, ТАНЕЦ е подготвен да настапи на неколку летни сцени во земјава – Охрид, Прилеп, Галичник и Крушево. По серијата исклучително успешни концерти во Гостивар, Македонска Каменица, Пехчево, Кавадарци и Кичево, како и величествените концерти во Скопје – Велигденскиот концерт, концертот во чест на 100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски, концертот на ДММ 2024 во чест на 80-годишнината на МРТ и Народниот оркестар, како и мултимедијалниот настан во соработка со Кинотека на Макаедонија.

Танец утревечер (3 јули 2024, на Долни Сарај – Охрид, 20:30 часот) свечено ќе го отвори 63. Балкански фестивал на народни песни и игри, а два дена потоа ( 5 јули 2024, 19:00 часот на Летната сцена на НУ Завод и музеј – Прилеп) ќе има целовечерен концерт со изворен вокално-инструментален репертоар, по повод свеченото отворање на јубилејниот 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски – Долнени.

Секако, и овогодинешната културно-сценската манифестација „Галичка свадба“ нема да да помине без Танец, каде ансамблот на 13 и 14 јули ексклузивно ќе ги изведе ората „Тешкото“, „Невестинско“ и „Манукот“, а на 2 август, како и досега, Танец и оваа полусезона ќе ја заврши со традиционалните концертни настапи во Крушево и Пелинце, по повод големиот македонски празник Илинден.

На 25 јули, Танец, повторно традиционално, ќе има голем концерт спроти меѓународниот фолклорен фестивал „Илинденски денови“ каде ќе настапи целиот ансамбл со богата кореографска и вокално-инструментална програма. Местото на одржување на концертот, како и на секоја летна манифестација, е во зависност од временските услови.

Јубилејната концертна сезона на Танец продолжува веќе во септември, со балканската турнеја на проектот „Фолклорно-класична симбиоза„ (грандиозниот заеднички концерт на Танец со оркестарот и хорот на Националната опера и балет), после која ќе следува ноемврискиот гала концерт по повод централно одбележување на 75-годишнината на НУ Танец и секако, традиционалниот новогодишен концерт кон крајот на декември. Во меѓувреме Танец нема да ги запостави и настапите низ татковината и ќе одржи уште неколку концерти во Велес, Струмица и Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Спектакл на “Танец” во Подгорица по повод “Денот на независноста”

Ансамблот Танец в четврток заминува на балканска турнеја

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

Почнува 61. Балкански фестивал на народни песни и игри

Традиционален новогодишен концерт на „Танец“

Ана Ололовска

Ансамблот „Танец“ со традиционален новогодишен концерт и нова кореографија во МНТ