Алтернативата го спаси „Тиквешкиот Гроздобер”

Од:

И овогодинешниот гроздобер во Кавадарци беше невидена катастрофа. Буквално copy-paste од минатата, со една мала измена што оваа година буџетот наменет за оваа манифестација беше спуштен на минималната кота.

Познати естрадни уметници скоро и да немаше, со исклучок на Масимо Савиќ. А една жива легенда како што е Масимо Савиќ го гледаа педесетина деца кои едвај и да го познаваат, додека во воздухот ечеа прженици од скара; џинџири-минџири тезги и ваму-таму по некој тон алкохол. А и како да има познати естрадни уметници кога имаме дупка во општинскиот буџет која се гледа од месечината.

rock_zabava_grozdober7

Гостите од страна едноставно појма немаа кога беше во прашање програмската шема за тридневниот период додека и траеше гроздоберот. Не знаеја каде да се обратат да видат како е распоредот со настани за викендот. Во обид да се информираат се обраќаа до кавадарчани. А и поголемиот дел од нив само креваа рамена.Ниту флаер, ниту памфлет, ниту некој таблоид во центарот на градот каде 24/7 би кружела целата програма од распоредот на настаните кои беа предвидени за гроздоберот.

Најдоброто нешто што кавадарчани а и гостите имаа можност да го видат, како “културна различност“ беше свирката во живо на вокалот Лазар Ставров и неговиот бенд, како и бендот „Smoke Shakers” кои заедно се погрижија првиот роденден на Здружението на моторџии „Tikves Riders” да помине во една незаборавна атмосфера.Нивната шестчасовна свирка во дискотеката “Александрија” во градскиот парк направи невиден спектакл од кој на човек едноставно му застанува здивот. Со присуството на навивачката група на “Лозари” од Кавадарци забавата продолжи до раните утрински часови.

Сумирано, сепак има некои фини ќошиња во овој наш град во кој може да се слушне нов и различен културен звук, надвор од оние канонизирани “Среќан ти роѓендан сунце мој драго“ или “Запалиќу пола града одеш ли од мене сада“. Сето останато од страна на организациски план за овогодинешниот гроздобер беше исто како лани, само што прашањето е колку доби општината од оваа бурлескна манифестација и за што се потрошија парите.

Вода сеуште нема редовно, дупки и депонија на секој чекор – никој не сака да писне затоа што владее некаков “консензус на вмешани“ и “консензус на рамнодушност“. Што прави останатиот свет? Појма немаме, знаеме само дека ние немаме врска со него. Имаме поважни работи.

Извор: Mojot Grad

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов