Алаѓозовски: Приоритет на Владата не е рефасадариње и разместување на „Скопје 2014“

Од:

Владата на Република Македонија нема да врши активности за рефасадирање или разместување на спомениците или други објекти од проектот „Скопје 2014“. Минситерот за култура Роберт Алаѓозовски вели дека тоа не е приоритет во момент кога финансиската кондиција е очајна и економскиот живот на граѓаните се одвива на работ на сиромаштијата.

– Ние како Министерство за култура рековме дека ќе направиме меѓународен конкурс за долгорочни решенија како да се однесуваме кон проектот „Скопје 2014“. Ќе напрвиме ревизија во која на граѓаните ќе им дадеме увид во состојбите во тоа која е цената на чинењето на овој проект, кои се техничките карактериситики, колку е квалитетен материјалот што е вграден и која е цената на одржливот на сите овие објекти, изјави министерот одговарајќи на новинарски прашања денеска во Охрид каде присуствуваше на одбележувањето на Денот на балканските Египќани.

Изрази уверување дека по еден таков увид во самата одржливост на проектот ќе биде многу лесно да се преземат во иднината некои акции кои, како што рече, ќе помогнат да се ослободиме од ова тешко време на претходната влада.

Во врска со објектите што се градат на Плаошник, рече дека ќе се ревидира објектот и оти сериозно ќе пристапат кон ова прашање. – Во новиот ребаланс на Буџетот ќе има некои зафати за Плаошник. Сериозно пристапуваме на проблемот. Наскоро и тим од Министерството за култура ќе учествува на Меѓународната конференција на УНЕСКО во Краков така што ќе се фатиме сериозно и со ова прашање, изјави министерот за култура.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот