Алаѓазовски: Ќе го обновиме и заштитиме Офицерскиот дом во Битола

Од:

Офицерскиот дом во Битола ќе се обвнови и заштити. Ова денеска го најави министерот за култура Роберт Алаѓозовски на трибината „Каков Офицерски дом ни треба?“ што беше организирана во рамки на 12. издание на фестивалот на современи уметности Акто во Битола.

Според министерот Алаѓозовски за Офицерскиот дом во Битола ќе биде обезбеден модел за функционирање и институционализација на објектот што ќе овозможи организирање културни настани на општо задоволство за сите.

– Министерството за култура ќе го поддржува овој културен простор. Нашата идеја е да ја децентрализираме културата и да ги направиме културните институции оперативни и ефикасни со капацитет да ја вршат својата културна функција во интерес на граѓаните. Отворени сме да ги пречекаме новите локални власти со желба и идеја заеднички да работиме за ставање во функција на овој простор кој треба да биде Куќа на културата, истакна Алаѓозовски.

На јавната трибина што се одржа во паркот на Офицерскиот дом во Битола учествуваа експерти за културно наследство, членови на независна културна сцена од Битола, Скопје, Тетово, Струга, експерт гостин од Хрватска, пратениците во Собранието на Република Македонија Ирена Стефовска, Ивана Туфегџиќ, Васко Ковачевски, Павле Богоевски и Горан Милевски, како и претставници на јавниот и културниот живот во Битола кои јасно и надвосмислено посочија дека е потребно Офицерскиот дом да биде ставен во функција.

– Објектот Офицерски дом е со исклучително историско значење, еден од најголемите и најубавите во градот Битола и жално е што е доведен во тешка состојба која дури го комплицира конзервирарањето и заштитата на објектот, и ако порано се почнеше тоа ќе беше уште подобро. Но без разлика на тоа НУ Завод и Музеј-Битола има капацитет и стручност да го обнови објектот, истакна Александар Литовски, в.д. директор на таа национална установа.

Фестивалот на современи уметности АКТО завршува утре со изложба од настанот „Мал битолски Монмартр за Офицерски“ на кој учествуваа млади ликовни таленти од детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он