Адеми се сретна со раководители на секторот Креативна Европа МЕДИА

Од:

Министерот за култура Асаф Адеми во рамки на работната посета на Берлин и Берлинскиот филмски фестивал денеска оствари работна средба со Лусиа Рикалде, раководител на секторот Креативна Европа МЕДИА, Европска комисија, Генерален директорат за комуникациски мрежи, содржина и технологија, и со Харалд Е. Третенбреин, раководител на секторот Креативна Европа МЕДИА во ЕАЦЕА – Извршна агенција за образование, аудиовизуелни уметности и култура на Европската Унија.

На средбата, соопшти Министерството за култура, на која присуствувал и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, Адеми го потенцирал значењето на програмата Креативна Европа МЕДИА за Македонија што резултираше со конкретни успешни проекти, како и големата поддршка во соработката меѓу аудиовизуелниот сектор во Европа не само на регионално, туку и на европско ниво.

„Истовремено, беше истакнато дека е од особено значење аудиовизуелниот сектор да излезе од националните рамки и преку размена на искуства да се придонесе за зголемување на капацитетот на продукциите“, стои во соопштението.

Министерот за култура Адеми вечер во рамки на 69-тото издание на Берлинскиот филмски фестивал ќе присуствува на Македонската вечер во организација на Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Иранскиот филм „Нема зло“ ја освои „Златната мечка“ на Берлинале

Фирмата поврзана со Цветанка Ласкова се откажала од грантот за иновации од 300 илјади евра

Маја Илиевска-Пачемска

Министерство за култура: Ќе се менува начинот на финансирање на проектите

Сандра Бошковска

Итна средба со Заев и децентрализација на моќта на министерот, бараат културните работници

Две награди за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

По средбата на Заев со Адеми ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура