Адеми со уште двајца соработници во Виена потрошиле 2400 евра

Од:

Министерството за култура ги платило трошоците на министерот Асаф Адеми и на уште двајца негови соработници за патувањето на концертот во Виена за што биле потрошени вкупно 2400 евра односно по 800 евра за едно лице. Овие трошоци биле за дневници по 118 евра, за хотелско сместување по 420 евра , а за авио билети по 262 евра за едно лице.

За сите други трошоци, како ручеци, пијалоци и останато биле покриени приватно од страна на Министерот и неговите соработници.

Како што изјавија од Министерството за култура, трошоците за придружбите (сопругите на Адеми и неговиот шеф на кабинет) сместувањето и сите други трошоци како и влезниците за концертот биле обезбедени од приватни средства.

Утрово побаравме од Министерството одговор за потрошените пари на патувањето на новогодишниот концерт на Виенската државна опера, но не добивме прецизен одговор. По објавениот текст дека од таму молчат, попладнево испратија дополнување на оваа информација.

„Што се однесува до средствата кои беа издвоени од страна на Министертвото за култура, напоменуваме дека како што назначивме, на покана на Виенската државна опера во Виена, Република Австрија патуваа три лица, односно подетално за дневници беа издвоени вкупно118 евра по лице, за хотелско сместување – вкупно 420 евра по лице, за авио карти беа обезбедени билети најпристапни во однос на терминот на патување, согласно процедурите во министерството за култура за оваа намена, односно по 262 евра. За сите други трошоци, што се однесува за ручеци, пијалоци и репрезентативни трошоци беа покриени приватно од страна на Министерот и неговите соработници. Напоменуваме дека трошоците за придружбите (кои вие ги споменувате), сместувањето, другите трошоци и влезниците за истите, беа обезбедени од приватни средства“, пишува во доплнувањето на одговорот.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

Авганистанец уби три жени во Виена

Крвав Божиќ во Виена: Србин со нож рани жена, го претепа и нејзиниот син

Горан Наумовски

Во Австрија уапсени четири лица кои планирале напади на црква и катедрала