„А што потоа?“ – претстава за жртвите во терористичките напади

Од:

Во Џебното кино на Младинскиот културен центар денеска и утре ќе има изведба на претставата „А што потоа“ во режија на Драгана Гунин, која раскажува за жртвите од терористичките напади и војни, конкретно за војната во Сирија.

Како локации за обработка на темата се земени градовите во кои случил напад: Париз, Берлин, Анкара, Брисел, Истанбул, Ница и Дамаск.

Претставата е работена целосно волонтерски и без буџет, обработува длабоко хумана тема, а тоа се прерано прекинатите животи на невините жртви на се почестите терористички напади насекаде низ светот. Оваа претстава е на некој начин спомен за сите жртви кои во вестите за нападите се претставени преку број, а во „А што потоа?“ тие се приказни без крај, на кои сепак некој одлучил да им стави точка, соопшти Театар Независен.

Во претставата играат актерите: Бојан Лазаров, Јанка Лефкова, Нина Максимова, Марјан Наумов, Дарко Ристовски, Благојчо Стојанов, Емине Халил.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он