50 години од говорот „Имам сон“ на Мартин Лутер Кинг

Од:

Под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје денеска во кино „Милениум“ ќе бидат доделени наградите за најдобар есеј по повод јубилејот – 50 години од славниот говор „Имам сон“ на Мартин Лутер Кинг.

Наградите се состојат од посебен сертификат и книги, а првонаградените ќе добијат и електронски читач за книги „Киндл“. Специјална пофалница ќе добие и училиштето од кое пристигнале најмногу есеи, како и професорот што бил ментор на најмногу учесници. Сите ученици што испратиле есеј, како и нивните ментори, ќе добијат сертификат за учество.

Наградите ќе бидат ексклузивно соопштени на самиот настан, а победниците јавно ќе ги прочитаат своите есеи. На настанот ќе биде прикажан и краток документарен филм за Мартин Лутер Кинг.

На конкурсот пристигнале 375 есеи од средношколци од речиси сите градови од Македонија.

Според анкетите, „Имам сон…“ на Мартин Лутер Кинг се смета за најважниот американски говор на 20 век. Го одржал пред повеќе од 200.000 учесници на маршот за граѓански права во Вашингтон, на 28 август 1963 година. Оттогаш повикот на Мартин Лутер Кинг за расна еднаквост и за ставање крај на дискриминацијата ги инспирира луѓето во Америка и во други земји да ги унапредуваат слободата и човековите права.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски