34. Скопски џез фестивал стартува на 15. октомври

Од:

Грегори Портер, Авишаи Коен Трио, Јоаким Кин, Џејмс „Блад“ Алмер се дел од ѕвездите на годинашниот 34. Скопски џез фестивал, кој ќе се одржи од 15 до 18 октомври на две локации. Во четири фестивалски вечери со десет реномирани музичари и групи кои доѓаат од САД, Велика Британија, Израел, Германија, Италија, Шведска и Канада.

Триесетичетвртото издание на Скопскиот џез фестивал ќе го отвори концертот на американската гитарска легенда Џејмс Блад Алмер (James Blood Ulmer). Истата вечер на сцената во МОБ ќе го видиме извонредниот италијански тромбонист Џанлука Петрела (Gianluca Petrella), кој ќе го претстави својот најнов проект Cosmic Renaissance.

12067814_10207905665694743_1324055678_n

Втората фестивалска вечер (16 октомври, МОБ) е резервирана за едно од најиновативните имиња во историјата на џез музиката, германскиот пијанист Јоаким Кин (Joachim Kühn). Истата вечер публиката ќе има екслузивна можност да го проследи настапот на реномираниот израелски басист Авишаи Коен (Avishai Cohen) кој во Скопје доаѓа со своето трио. За енергична завршница на втората фестивалска вечер ќе се погрижи британскиот состав Melt Yourself Down, кој ќе настапи во рамки на полноќната програма на фестивалот во Сити хол центарот.

12080777_10207905666534764_2056514484_n

Рециталот на пијанистот Крег Тејборн (Craig Taborn) ќе нѐ воведе во програмата на третата фестивалска вечер (17 октомври, МОБ). Истата вечер, македонската публика ќе има извонредна прилика да биде понесена во магијата на мега-популарниот џез, госпел и соул пејач и добитник на ГРЕМИ, Грегори Портер (Gregory Porter). Полноќната програма ќе го претстави британскиот саксофонист и рапер, еден од најразновидните млади актери на британската сцена – Совето Кинч (Soweto Kinch).

12087591_10207905666694768_349038123_n

Годинашното патување низ џез музиката ќе финишира во недела на 18 октомври. Вечерта ќе ја отвори канадското дуо Колин Стетсон / Сара Нуфелд (Colin Stetson / Sarah Neufeld), а по нивниот настап шведскиот бенд Angles 8 ќе ја поведе публиката во експлозивна фестивалска завршница. Во рамки на годишнашниот Скопски џез фестивал ќе биде поставена и изложба на џез фотографии од словенечката авторка Петра Цвелбар. Изложбата насловена „Sweet Addiction“ ќе биде отворена на 15 октомври во 18:30 часот во Фоајето на МОБ, а посетителите ќе имаат можност да ја погледнат до завршувањето на Фестивалот, до 18 октомври. Влезниците за 34. Скопски џез фестивал можат да се набават на билетарите во Југотон рекордс и МОБ и онлајн на www.mktickets.mk.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска