ФДУ го одбележува творештвото на Горан Стефановски

Од:

Факултетот за драмски уметности – Скопје го слави творештвото на нашиот и ваш, единствен Горан Стефановски, со мултимедијална програма под наслов „Тетовирани
импресии“. Настаните од програмата ќе се одржат од 27 март до 27 април, во организација на факултетот, и со учество на соработници, колеги и новите наследници“ на Горан – студентите кои ги продолжуваат неговите приказни.

Ќе потсетат на творештвото кое претставува бескрајна инспирација за минатите, сегашните и идните генерации на факултетот. Инспирација која нé поттикнува кон подобро и повеќе уште од нашата „Бушава азбука“. И од „Јане Задрогаз“, преку „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Чернодрински се враќа дома“…, се до „Огнени јазици“.

Од нивното запознавање, разбирање, препрочитување и поставување, до одново станување и борење за она што е вистински наше. „Тетовирани импресии“ ќе започнат со одбележување на Денот на театарот, на 27 март. Во рамки на програмата ќе гледате испитни претстави и етиди по текстови на Горан, проекции на филмови по негови сценарија, и презентација на документарен филм во реализација, посветен на неговото дело. Ќе слушнете како изгледала соработката со Горан преку дискусии со неговите долгогодишни соработници, а и музичка програма во соработка со студенти од Факултетот за музичка уметност. Програмата ќе се заокружи на 27 април, неговиот роденден.

Влезот за сите настани е слободен. Деталите за секој настан ќе бидат дополнително објавени на веб-страницата и социјалните мрежи на Факултетот за драмски уметности.

Би можело да ве интересира

Одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Катерина Ѓуровски

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

„Тетовирани импресии“ – ФДУ го чествува творештвото на Горан Стефановски

Ана Ололовска

Тестаменталната порака на Горан Стефановски ќе одекне низ светот преку нови преводи – активност на МСМЈЛК при УКИМ

Катерина Ѓуровски

Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и Скопје

Промоција на книгаta за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ