Технологија која ни овозможува да си ги „замениме телата“

Од:

Иако се уште официјално се нема појавено во продавниците, „Oculus Rift“ веќе пронаоѓа оригинални и интересни начини за употреба во реалниот живот како што е „замена на телата“.

„Oculus Rift“ се смета за еден од оние гаџети кои имаат потенцијал да го променат светот и да ја обликуваат нашата иднина. Сите медиумите, од тврдокорните „geek“ портали до модните магазини, веќе со месеци зборуваат за оваа технологија која првпат добива евтина и лесно достапна верзија на виртуелна реалност, а креативните луѓе веќе пронајдоа некои интересни примени на овој долгоочекуван уред.

Проектот „BeAnotheLabs“, зад кој стои група на луѓе, спои два „Oculus Rift“ уреди, и ги постави на главите на неколку двојки, од кои еден бил маж, а друг жена. Двојките потоа добиле низа наредби кои морале да ги извршат донекаде синхронизирано, а секој низ своите „Rift“ очила добивал проекција на она што другиот гледал. Така, испитаниците можеле визуелно да го доживеат она што го доживуваат припадниците на другиот пол.

Луѓето кои се одговорни за проектот се надеваат дека еден ден со помош на овој уред ќе може подобро да се проучи емпатијата, а здравите луѓе на некој начин да се приближат до потешкотиите со кои секојдневно се соочуваат хендикепираните.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска