Самит на европски слободни економски зони во Скопје

Од:

Над 350 претставници од целиот свет се очекува да учествуваат на Самитот на европски слободни економски зони, кој во организација на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони ќе се одржи од денеска до 4 мај во Скопје.

Самитот се организира во соработка со Организацијата на светски слободни зони.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски неодамна на брифинг најавувајќи го Самитот истакна дека на него ќе учествуваат претставници од речиси цел свет, од Колумбија до Казахстан, Европа и други континенти.

Државната помош и нелегалната трговија во зоните ќе бидат само некои од темите на Самитот, а ќе се потпише и меморандум за соработка со светските економски зони со цел, како што истакна, земјава да биде опфатена во т.н. безбедни зони.

За денеска е најавено отворањето на Самитот во попладневите часови. Настанот ќе го отвори Младеновски со поздравно обраќање, а главните активности се предвидени за утре во хотелот Александар Палас, кога ќе се одржи министерски панел, на кој ќе учествува министерот за економија Крешник Бектеши и уште тројца министри од земји од регионот.

За утре се планирани и три панел дискусии посветени на „Иднината на слободните зони и предизвиците со кои се соочуваат“, „Нелегална трговија и нејзините ефекти врз на слободните зони и нивните безбедни програми“ и „Формирање здружение кое ќе ги опфати сите видови зони“. За 4 мај е предвидена посета на слободната економска зона во Скопје.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов