Нов директор на МЕПСО е Зуди Кока, брат на Цуфи Кока кој впери пиштол во демонстранти

Од:

Поранешниот пратеник Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците е резрешенен од функцијата генерален директор на МЕПСО поради внатрепартиски превирања, а на негово место ќе седне Зуди Енузи Кока.

Разрешувањето на Рашиди се очекува да помине на Управен одбор на АД МЕПСО, а на негово место се очекува да биде именуван Зуди Кока од истата партија.

Зуди Енузи Кока во јули 2022 година беше разрешен од позицијата директор на ЈП Комунална хигиена од скопската градоначалничка Данела Арсовска, откако неговиот брат Цуфи Кока пукаше со пиштол во поворката што учествуваше на протестите против францускиот предлог додека се движеше кон зградата на МНР.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тогаш рече дека требало да биде убиен од Цуфи, кој доби затворска казна од четири месеци за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

Владата ја смени одлуката: Мехмеди немал дозвола за контролор, Хекуран Асани е нов предлог за директор на М-НАВ

Орце Костов

Владата го разреши Хамиди: Илир Мемети нов генерален директор на М-НАВ

Орце Костов

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов