Иновации кои ја менуваа автомобилската индустрија

Од:

Во годината во која се прославува 130 години од основањето, Бош не потсетува на некои од своите достигнувања кои ја развија автомобилската индустрија.

Кон крајот на 2015 година Бош отвори нов истражувачки кампус во Ренинген во близина на Штутгарт, во кој инвестираше околу 300 милиони евра. Во ова одделение за истражување и развој работа добија 1.700 луѓе кои имаат задача да продолжат со иновациите во автомобилската, но и во другите индустриски гранки.

Нивните претходници веќе еден век работат на усовршување на автомобилите, а некои од иновациите беа револуционерни, пренесува Б92.

1902 година: Високонапонски систем на магнети за палење со свеќички

Во летото во 1901 година Роберт Бош на својот колега Готлоб Хонолд претставил дизајн на систем со магнети за палење без полуга за иницијален механизам кој барал лесто одржување и кој генерално се користел во тоа време. По само неколку месеци Хонолд претставил свој високонапонски систем на магнети за палење темелен на концептот познат како палење со електричен спој.

Уредот создавал струја со висок напон преку две завојници на арматура. Струјата се спроведувала до свеќичките преку едноставен кабловски спој. Искрата го прескокнувала растојанието меѓу електродите на свеќичките.

Тој историски изум влијаел на производството на автомобилите се до денес. Ниту еден мотор со палење на свеќички не би работел без системот за палење.

1927 година: Систем на вбризгавање дизел за стопанските возила

Во 90-тите години од минатиот век експертите го форсирале дизел моторот како погонски склоп на иднината. Бош набрзо го следел тој тренд – дизел моторите не барале електрично палење, што во тоа време бил најважен производ на Бош. Тоа го загрозило опстанокот на општеството. Поради тоа Бош во 1922 година почнал да развива инјекторски пумпи за дизел моторите.

Првиот дизел камион е претставен во Германија во 1924 година, што на инжинерите им овозможило тестирање на нови пумпи во вообичаени услови на возење. Бош почнал со производство на линијски пумпи и млазници за вбризгување на 30 ноември 1927 година.
Модерните системи за вбризгување денес се незаменливи во камионите. Речиси 100 отсто од сите камиони во светот се движат на дизел гориво. Во сегментот на лични автомобили во Европа, тој број изнесува околу 50 отсто од сите нови регистрирани возила. Со своите common-rail системи со висок ефект, Бош станал еден од водечките светски доставувачи на системи за вбризгување на дизел.

1967 година: Електронски систем за вбризгување на бензин Jectronic

Во 1959 година Бош почнал да развива систем за вбризгување на бензин со електронско управување. Кога тој систем, наречен Jetronic, бил пласиран на пазарот во 1967 година, бил прв масовно произведен систем од тој вид во светот. Ефикасните системи на вбризгување денес се незаменливи во модерните автомобили.

1978 година: Систем на сопирање кој спречува блокирање на тркалата АBS

Приказната за успехот на АBS почна во 1978 година со почетокот на производството на првиот електронски управувачки систем за кочење кој спречува блокирање на четирите тркала за личните автомобили. Тоа било иновација на која инжинерите на Бош работеле девет години. Нивниот иновативен технички пристап бил основа за сите модерни системи за контрола на кочење.

Ако тркалата се блокираат, АBS го намалува притисокот на кочењето па повторно го зголемува, до 40 пати во секунда. Така дистанците на кочењето се кратки, дури и на лизгави површини, а со возилото и понатаму може да се управува. Денес сите нови автомобили во ЕУ се продаваат со АBS. Од 1978 година во Бош се произведени над 190 милиони АBS системи.

1995 година: Микромеханички сензори (MEMS) во масовно производство

Во 80-тите години Бош работел на изработка на помали и енергетски поефикасни сензори бидејќи биле потребни повеќе податоци собрани со сензор за се пософистицираните автомобили. Претходниот производен процес, кој се нарекува „мокро нагризување‟ повеќе не бил погоден за тие ситни сензори. Истражувачкиот тим поради тоа развил „нагризување во плазма‟ кое денес во индустријата е познато како „Бошов процес‟.

Кога во 1995 година почнал масовно производство, Бош поставил темели за таа модерна технологија. Неговото моментално портфолио опфаќа сензори за забрзување, свртување, проток на маса, притисок и еколошки сензори и микрофони.

Интересно е дека требало да поминат 13 години да се произведе првата милијарда MEMS сензори. Бошовото одделение за автомобилска електроника во својата фабрика во Ретлинген во близина на Штутгарт сега ја прави истата количина за помалку од една година – дневно се произведуваат над четири милиони сензори. Тие мали помагачи во просек се дебели од 1 до 4 милиметри.

1995 година: Електронска програма за стабилност – ESP

Со помош на паметните сензори, ESP системот 25 пати во секунда споредува дали автомобилот навистина се движи во насоката во која возачот го насочува. Ако анализата на тие податоци укаже на непосредна опасна ситуација која не може да се контролира (на пример лизгање) ESP веднаш интервенира. Со намалување на обртниот момент на моторот и намерното кочење на секое тркало посебно, системот на возачот му помага да го стабилизира возилото и да спречи несреќи предизвикани од лизгање.

Се проценува дека од пласирањето на пазарот во 1995 година ESP спречил 190.000 несреќи и спасил над 6.000 животи во цела Европа.

2008 година: Употреба на ласери со ултракратки импулси во производството

Со примена на прецизно контролирани, ултракратки импулси на ласерот, исклучително цврсти материјали можат многу прецизно машински да се обработуваат. Бош го поттикнува развојот во ова подрачје веќе долги години и во соработка со неколку партнери во индустријата и академските кругови успеал да го подготви за пазарот.

Таа технологија за прв пат е применета во производство на ламбда сензори. Еден од начините на кој Бош денес ги користи ултракратките импулси на лаерите е бушење на исклучително ситни млазници во вентили на системи за директно вбризгување на бензин. Тоа овозможува уште подобра дистрибуција на горивото во комората за согорување.

Резултат е заштеда на гориво од дури 20 отсто во бензинските мотори и пониска емисија на издувни гасови.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска