Ерсте банка: Северна Македонија ќе има полза од решавањето на спорот со името

Од:

Со завршувањето на речиси тридеценискиот спор со Грција околу името на земјата, Северна Македонија може да очекува период на забрзан раст на среднорочен план поттикнат од крајот на политичката неизвесност, потрошувачката и обновената инвестициска активност, покажува новиот извештај на Ерсте банка.

Оваа година, банката очекува земјава да има раст на БДП од 2,9 проценти, а во 2020 година да достигне 3,3 проценти, со нов раст на инвестициите како клучна разлика во споредба со досегашните трендови. Стапката на невработеност, пак, според извештајот на банката, ќе се спушти на 20 проценти годинава, а вработеноста ќе достигне близу 53 проценти, поткрепени со владини субвенции за работодавачите од приватниот сектор.

-Јавните инвестиции во 2018 година, во голема мера беа во застој поради политичката неизвесност, така што оваа година очекуваме пораст на капиталните инвестиции со интензивирањето на изградбата на автопатите, се вели во извештајот.

Според банката, триумфот на лево-ориентираниот кандидат Стево Пендаровски во тесната трка за претседател на државата над кандидатот на опозицијата Гордана Силјановска Давкова може де факто да се сфати како став во однос на неодамнешната промена на името на државата, како и посветеноста кон НАТО и ЕУ интеграцијата.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов