Црна листа на Рамиз Мерко: Забрани шетање по бикини во Струга

Од:

Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко донел одлука со која се збранува шетање во бикини на јавни места во градот и покажување голотија низ чаршијата.

На официјалната страница на општина Струга на Фејсбук, градоначалникот ја објавил својата одлука со фотографии на кои има знаци со знак за забрана на носење на бикини или гаќи за капење во централниот дел на градот, а се известуваат туристистите да не ја изнесуваат својата голотија на јавни места, за да се зачува позитивната слика за Струга.

„Заради почитување на јавниот ред, особено во летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од чаршискиот мост до зелениот пазар) во текот на денот е забрането шетање во бикини и гаќички за плажа.

Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим да ги почитуваат правилата за добро однесување и јавен ред со тоа што не изложуваат голотија на јавни места и простори.

Вашето однесување е слика за градот, затоа заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика за една туристичка дестинација како што е Струга“, соопштија од општината.

Би можело да ве интересира

Одложено рочиштето против Мерко за набавката на аудито од 67 илјади евра

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Обвинение против Мерко, неправилно поставил директор на училиште

Катерина Ѓуровски

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото