6.888 починати од Ковид-19 во земјава, раст на новозаразените, вакцинацијата со две дози е 35 проценти

Од:

Вчера беше забележан раст на бројот на новозаразени во однос на претходните денови. Од направени 2.900 тестирања, беа регистрирани 421 случај, што е 14,5 отсто. Претходно тој процент се движеше околу 11 проценти.

Во вечрашната статистика беа евидентирани вкупно 13 починати, осум во претходното деноноќие и пет лица од „Мој термин“, починати од 6 до 28 септември. Покрај тоа, беа регистрирани и 395 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирањата Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има најмногу активни и тоа 3308, Куманово 543, Велес 304, Штип 212, Охрид 206… Другите градови под 200. Во Пехчево во моментов нема ниту еден активен случај.

Заклучно со 13 октомври, како што се посочува од МЗ, вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, втора доза примиле 756.176, а трета 982 граѓани. Педесет и три отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 45 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски