Лопез: ГЕРБ да формира влада во сенка

Од:

ГЕРБ мора да формира влада во сенка, за да подготви антикризна програма за управување со Бугарија и да биде подготвена во секој момент да предложи решенија за управување, изјави во видео обраќањето генералниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Антонио Лопез пред делегатите на народното собрание на ГЕРБ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Лопез, ГЕРБ мора да работи за нова влада на Бугарија и мора да ја врати стабилноста, политичкиот и меѓуинституционалниот дијалог. ГЕРБ мора да создаде услови за економска и социјална сигурност на граѓаните.

Лопез беше категоричен дека партијата ГЕРБ, која владее со Бугарија повеќе од 10 години, мора да ја поддржува геополитичката ориентација на Бугарија како членка на ЕУ и НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година