Промовирана Монографија на планинарското друштво „Кожуф“

Од:

Во Гевгелија синоќа беше промовирана Монографија на планинарското друштво „Кожуф“ од авторот Андон Стојчев кој е долгогодишен активен член на друштвото. Ова е прва публикација во петдецениското постоење на друштвото.

– Монографијата опфаќа еден исклучително плоден период од постоењето на друштвото ,односно времето од деведесеттите години до денеска, кога гевгелиските планинари беа многу активни и бележеа големи успеси. Сите тие се дел од монографијата која се надевам ќе биде потстрек и за другите членови да остават белег во работењето на друштвото, рече авторот Андон Стојчев.

За макотрпниот труд при работењето на монографијата, честитки од сите членови на друштвото до авторот упати еден од постарите планинари, Јован Митров, кој истакна дека публикацијата ќе биде мотив за уште поголема активност на друштвото ,особено од страна на помладите планинари.

Друштвото со активност продолжува утре со изведување на меморијалниот планинарски марш „Димитар Кангов“ на планината Кожуф.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза