На задоволство на своите 150 милиони корисници, социјалната мрежа Имгур на својот блог објави дека ќе ја воведе опцијата чет.
Основачката на онлајн заедницата, Сара Шаф во соопштението наведува дека, на тој начин, имаат за цел да ги следат потребите на своите корисници за нови и пософистицирани начини на интеракција.
– Навистина сме возбудени што на корисниците ќе им овозможиме разговор со други луѓе преку мобилна апликација. Постојат неколку начини за почнување разговор, а тоа се вообичаеното посетување на кориснички профил, разговор преку коментари, клик на иконата за споделување или пак, да одите директно на (опцијата) чет, стои во соопштението.
Еден од новитетите е и следење на објавите на другите корисници. За тоа е потребен еден клик на „плусот“ којшто се наоѓа веднаш до името на профилот.