Димитров-Мичел: Силна поддршка од САД во евроатлантските интеграции на Македонија

Од:

Евроатлантските перспективи на Република Македонија, како и актуелните политички состојби во земјата и во регионот биле во фокусот на средбата на шефот на дипломатијата Никола Димитров со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел кој се наоѓа во попсета на земјава.

Димитров, како што соопшти МНР, ја потенцираше важноста од натамошна поддршка на САД во евроатлантските интеграции на Македонија и соработката заснована на стратешкото партнерство.

– Нашето заслужено членство во Алијансата, значително ќе придонесе кон градење на просперитетна и побезбедна Република Македонија, што ќе биде од значење и за целиот регион, рече Димитров.

Помошник државниот секретар Мичел, повторно ја реафирмираше силната поддршка на САД за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Ги поздрави напорите на Македонија на тој пат, особено со конструктивната политика со соседите, како и постигнувањето на решение за спорот околу името со Грција.

Во тој контекст, тој ги повтори очекувањата за успешен референдум и имплементација на Договорот со Грција, со цел заокружување на процесот на зачленување во НАТО и Европската унија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија