ФОТО: Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков кај битолскиот градоначалник

Од:

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска приреди прием за светски познатите актери Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков и им врачи редок сувенир – грбот на градот Битола.

На средбата во кабинетот на битолскиот градоначалник, Ганц и Серебрјаков истакнаа дека се воодушевени од првото доаѓање во Битола и во, како што рекоа, градот со прекрасна архитектура и со голема раздвиженост на битолчани кои љубезно ги отпоздравувале.

DSCF8561

– Првпат сум во Македонија и во Битола и среќен сум што сум гостин на фестивалот. За градот се информирав од интернет и мислам дека добро е што има ваков фестивал бидејќи ова е најдобриот начин да се зачува културата на нашиот народ, истакна Серебрјаков.

Бруно Ганц нагласи дека посебно е воодушен од раздвиженоста на многу луѓе и, како што рече, среќен сум што сум тука, го видов музејот, а и пробав прекрасна македонска салата.

IMG_9884

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ почнува вечер со светската премиера на филмот „Лазар“, во режија на Светозар Ристовски.

DSCF8503

IMG_9867

IMG_9466

IMG_9423

IMG_9408

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски