Промоција „15 години поддршка за фер судења“

Од:

Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ ќе ја промовира публикацијата „15 години поддршка на фер судења“.

Во изминатите 15 години, Коалицијата следеше судења со фокус на почитувањето на човековите права и слободи на граѓаните со цел враќање на довербата на граѓаните во судските институции.

– На овој настан ќе биде презентирана работата на Коалицијата преку осврт на проектите и промоцијата на правото на фер судење, како и новите предизвици со кои се соочува Коалицијата и целосната методологија на работа, велат пд Коалицијата.

Посебно внимание ќе се посвети на новиот проект кој што започна да го имплементира Коалицијата „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија“ кој што ќе опфаќа анализа за правилна имплеменгација на стандардите за фер и правично судење, финансиските импликации за водење на граѓанска судска постапка, пристапот до правда на маргинализираните категории на лица, но и истражување со кое што ќе се изврши проценка на физичкиот пристап до правда како пристапност до пристапни рампи/лифтови, толкувачи од знаковен јазик и Браево писмо за судски документи.

Коалицијата е невладина организација која е составена од 14 организации членки со цел да го следи почитувањето на човековите права и слободи, особено на меѓународните стандарди за правично судење, преку разни форми на дејствување во настојувањето да се зголеми нивото на имплементирање, да се иницираат институционални и правни реформи, како и да се поврати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ