Бакрачески: Охридските јавни претпријатија „пливаат“ во долгови

Од:

Ако до понеделник не се исплатат сите заостанатите плати или дел од нив, вработените во Јавното претпријатие „Биљанини извори“ во Охрид кое стопанисува со спортската сала и и со спортските терени во Охрид ќе излезат на предупредувачки штрајк односно протестен митинг, а потоа ќе стапат и во генерален штрај дознава А1.

Вработените кои се повеќе од 50 велат дека ги бараат четирите заостанати плати. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески рече дека ситуацијата во сите Охридски јавни претпријатија е повеќе лоша

„Јавните претпријатија се наоѓаат во незавидно тешка ситуација .Финансиската состојба и таму е катастрофално лоша. Јас обавив средба со неколку директори на јавни претпријатија се информирав за состојбата таму. Без исклучок сите пливаат во долгови, кај некои многу големи, кај некои има средни задолжувања, а кај некои помало задолжување.Но сите имаат долгови, блокирани сметки, а некои имаат и имоти под хипотека кои се пред извршување“, вели Бакрачески за А1.

Ситуацијата во сите јавни прептријатија е алармантно лоша додава Бакрачески

„Затоа ние вината во добар дел ја гледаме во неадекватното менаџирање со тие јавни претпријатија и од тие причи веријатно ќе има промена во тие јавни претпријатија. Од идните менаџери ќе барам максимална посветеност во санација на состојбите таму, максимална одговорност и отчет за она што ќе го работат во иднина“, рече Бакрачески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски