Александра Цветковска го презема испразнетото пратеничко место на Горан Милевски

Од:

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот од мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Комисијата му предложи на Собранието да го разгледа извештајот на ДИК за верификација на мандатот на Александра Цветковска, која ќе го преземе остатокот од мандатот на Горан Милевски, кој од неодамна ја презеде функцијата министер за локална самоуправа.

Државната изборна комисија вчера на седница констатира дека врз основа на спроведена постапка, Цветковска ќе биде нова пратеничка во Собрание.

Таа е од листата на кандидати за пратеници во Парламентот за ИЕ5 од СДСМ и Коалицијата.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски