СДСМ: Груевски им напиша команди на неговите пиони, Мицкоски и Бачев

Од:

„Се јави антизападниот агент Никола Груевски, им напиша команди на неговите пиони, Мицкоски и Бачев против Македонија.

Кукавицата Никола Груевски, шефот на Мицкоски, Бачев и Иванов, дели наредби по социјалните мрежи, во очајни обиди да направи некаква штета на напредокот на земјата, на приближувањето кон ЕУ и НАТО.

Не останаа луѓе што ќе ги слушаат антимакедонските команди на Груевски.

Командантот на насилствата и сценариото на 27-ми април бадијала се залажува, за граѓаните тој одамна е завршена приказна, дел од црното, темно минато кого го чека соочување со правдата.

Немало поголемо зло што и се случило на Македонија и на сите нејзини граѓани од Никола Груевски и неговото криминално, режимско владеење. Тоа граѓаните многу добро го знаат.

Македонија е многу посилна отколку што тоа си го замисливаат антизападните Груевски, Мицкоски и Бачев.
Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија оди напред и враќање назад нема!

Осудениот криминалец Никола Груевски нема да побегне од правдата. Ќе ја одлежи казната за којашто е осуден и за сето зло што и го направи на Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче