Групацијата на пазари бара да се одложи или укине Законот за трговија на зелени пазари

Од:

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија смета дека е потребно да се одложи или целосно да се укине Законот за трговија на зелени пазари врз работата на организаторите на пазарите кој е во примена од почетокот на годинава.

Групацијата на пазари каде членуваат организаторите на зелени пазари на завчерашниот состанок оценила дека примената на Законот за трговија на зелени пазари ја загрозува дејноста и го доведува во прашање опстојувањето на зелените пазари. – Заеднички беше оценето дека е потребно итно негово укинување или одложување на неговата примена до донесување на законски прифатливи решенија во консултации со сите засегнати страни, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Организаторите на пазари, членки на Стопанската комора на Македонија, се договориле дека нема да склучуваат нови договори за закуп се додека не се изнајде решение за проблемот со кој се соочуваат.

Михајловска Василевска најави дека ќе бидат достават дописи до сите надлежни институции, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, до инспекциските служби надлежни за контрола и координација на законските решенија кои ја третиотраат трговијата на зелени пазари.

Михајловска Василевска соопшти дека денеска имале средба во Парламентот со Комисијата за економски прашања и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ. Потсети дека ова законско решение што сега е во сила е донесено на иницијатива на неколку пратеници во јанаури лани и изгласано во Собранието по скратена постапка. Посочи дека укажале на состојбите со кои се соочуваат организаторите на пазари и на последиците кои можат да се случат, дека ќе се намали работата на самите зелени пазари. Дополнително, како што рече, товар за закупците на тезги ќе претставуваат и трошоците кои се најавуваат по однос на лиценцирање на закупците на тезги.

Се проценува дека трошокот на околу 20. илјади закупци на тезги за добивање лиценци ќе изнесува повеќе од 1,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Експлозија на бомба во Призрен, деветмина повредени

А1он

Иницијатива на Бранко Црвенковски: Пристап до фондовите на ЕУ и излез на заедничкиот пазар додека траат преговорите со Брисел

A1on

Пазарниот инспекторат со полиција и УЈП ќе проверува дали пазарџиите ги замрзнале цените

A1on

Саемот на вино во Белград можност за нови пазари за албанските производители

А1он

Владата најавува мерки за намалување на ценовниот шок, но и за фирмите погодени од кризата