На Хематологија следната недела втора трансплантација на коскена срцевина од несроден донор

Од:

Втората трансплантација на коскена срцевина односно матични хематопоетски клетки од несроден донор ќе биде извршена идната недела на Универзитетската клиника за хематологија. Потпишан е договор со донорскиот центар и овој пат донорот е од Германија. Се работи за пациент, кој е дете и првпат во Македонија ќе биде изведена несродна трансплантација кај дете, истакна денеска директорката на Клиниката, Ирина Пановска Ставридис.

Посочи дека донорот е 19-годишно момче од Германија, кое, како што рече, има чувство за солидарност, ќе седне на машина и ќе даде клетки, за да спаси нечиј живот.

Минатата година на Клиниката, потенцира таа, се извршени 57 трансплантации, што претставува рекорд, бидејќи досега годишно се извршуваа 40 трансплантации.

– Следната година планираме да продолжиме со посилен интензитет. Воспоставивме систем кој покажавме дека функционира и верувам дека ќе продолжиме успешно и идната година. Здравствените власти и минатата година и оваа имаа слух и беше одреден условен буџет за лековите кои се неопходни за пациентите, а се уште не се на позитивната листа, која не може да се смени заради закочената законска регулатива, меѓутоа најден е начин со условен буџет сите тие лекови да бидат обезбедени и достапни за пациентите во Македонија, рече Пановска Ставридис.

Нагласи дека во минатото имало пракса само за лекување со одредени лекови кои ги немало пациентите да бидат упатувани во странство.

– За среќа сега лековите се достапни за нас и пациентите се лекуваат тука, додаде Пановска Ставридис.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство