Голманот на Реал Мадрид – Тибо Куртуа, добил мускулна повреда. Така тој ќе биде аут од терените најмалку 10 дена, откако ќе ги пропушти двата дуели против Леганес за Кралскиот Куп, како и натпреварот со Бетис во Ла Лига.
Од клубот се надеваат дека Белгиецот ќе се врати во игра за важниот натпревар со Севиља на „Бернабеу“ (19 јануари).
Поради повредата, под рамката во наредните натпревари за тимот ќе биде Костариканецот Кејлор Навас, кој има доста периферна улога од почетокот на сезоната.
Во моментов со слични мускулни повреди во составот на Сантијаго Солари се уште Марко Асенсио, Маркос Љоренте, Герет Бејл, Тони Крос и Хави Санчез.