Томислав Тунтев си поднесе оставка од функцијата пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Оставката на Тунтев, кој заминува на директорската позиција во АЦВП, ќе биде констатирана на денешната собраниска седница.
Веќе е закажана седница на Државната изборна комисија, откако добија известување од претседателот на Собранието дека на пратеникот Тунтев му престанува мандатот.
ДИК треба да констатира и кој е нареден на листата на СДСМ и коалицијата. Местото на Тунтев го зазема Рубин Земон
Собранието за прв пат во својата историја ќе има пратеник, кој се изјаснил за етнички Египќанец, и како што вели Земон на социјалните мрежи и етнолог по професија.