СДСМ: Мицкоски ги продолжува политиките на неговиот ментор Груевски

Од:

„Христијан Мицкоски ги продолжува политиките на поделби што ги промовираше неговиот ментор Никола Груевски.

Криминалецот Груевски со години ги делеше граѓаните на патриоти и предавници. Денес неговиот пион Мицкоски граѓаните ги дели на лојални и нелојални.

Очигледно Мицкоски сака да се става во улога на судија кој ќе одлучува кој е лојален а кој е нелојален граѓанин.

На граѓаните им е доста од партиски суд кој ги делеше и етикетирше цели 11 години. Македонија ги победи поделбите и омразата и реши да се гради како едно општество за сите.

На пролет, граѓаните уште еднаш ќе го поразат концептот на поделби што го следи антинародниот Мицкоски. Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе ги застапува нивните интереси и кој ќе ја поведе државата во светла иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте