Осум членки на феминистичката група „Фемен“ денес славејќи го заминуањето на папата Бенедикт XVI се соблекоа голи во париската катедрала „Нотр Дам“.
Како што јави агенцијата „Франс прес“, жените во катедралата влегле со група туристи. На себе имале долги мантили, кои ги соблекле кога влегле во катедралата.
Со дрвени стапчиња почнале да удираат по ѕвоната и да извикуваат „Не повеќе папа“. На градите и грбот имале испишани пораки како, „не за хомофобот“, „Криза во верата“ и „Бај, Бај“ Бенедикт.
Полицијата веднаш реагирала и ги исфрлила, а тие пред катедралата се задржале уште десетина минути. „Фемен“ вакви топлес акции од 2010 година изведе во Русија, Украина, Британија и Италија.