Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека спортот кој нема да го има на Олимписките игри 2020. година ќе биде борењето. Извршниот одбор на МОК на состанокот во Лозана, Швајцарија одлучи да го задржи модерниот петобој, а да биде исфрлено борењето, што е големо изненадување.
Борењето е едно од најстарите олимписки спортови кое било на програмата уште од првата модерна Олимпијада 1896. година. На минатогодишнните ОИ во Лондон, 344 спортисти се натреваруваа во борење во 11 дисциплини, слободно и 7 дисциплини во грчко-римски стил.
Конечната одлука кој спорт ќе биде замената за борењето МОК ќе одлучи во септември.