Илјадници граѓани на Калифорнија останаа без електрична енергија по бурата која го зафати северниот дел на земјата. Службите се обидуваат да ги поправат дефектите и да го расчистат теренот, откако елекрични столбови беа урнати од силниот ветар и предизвикаа привремена блокада на патиштата.
Поради силниот ветер и соборените дрвја, околу 90.000 жители на Сакраменто останаа без струја во неделата навечер, додека населението во Орегон и Вашингтон и натаму нема електрична енергија. Од тие причини властите го затворија автопатот од Калифорнија кон Невада.
#UPDATE: Power just went out at several businesses here in #Colfax Just spoke to the clerk at this gas station. He’s closing early due to power outage. Several drivers still stranded on roads near I-80 Exit 135 @FOX40 pic.twitter.com/qNr46ycDj6
— Charmaine Nero (@CNeroTV) January 7, 2019
Националната метеорлошка служба издаде предупредување за бура за областа Сиера Невада, наведувајќи дека снегот и маглата ја отежнуваат видливоста.
Нов налет на снежна бура се очекува денеска попладне, но метеоролозите велат дека ќе биде со послаб интензитет.