Пратеникот Самка Ибраимовски реагира на вчерашниот скандал, кога синот на Амди Бајрам и градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, нападна заменик претседател на ОИК Шуто Оризари.
Ова, рече Ибраимовски, го правеа и на претходните избори, кога тој бил нападнат.
„Пред неколку дена, Елвис Бајрам, го нападна поранешниот претседател на мојата партија, Сали Салиевски-Гале, за ова сите знаат но случајот се премолчува. Крајно време е МВР, обвинителството и судот, наместо да се појавуваат на балови, заедно со неговиот татко Амди Бајрам, да преземат соодветни мерки против овие насилници, кои ја загрозуваат демократијата во Република Македонија“, рече Ибраимовски.