Министерството за здравство информира дека во текот на денешниот ден вакцинирани се 62 деца со МРП вакцини. Или вкупно, досега вакцинирани се 1058 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили, мали сипаници.
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, утре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот.