Обидите на британската премиерка Тереза Меј за усвојување на поситгнатиот договор за Брегзит од страна на Парламентот во Лондон, денеска добија нов удар, откако беа објавени резултатите од анкета на „ЈуГов“, кои покажа дека мнозинството членови од нејзината Конзервативна партија се против договореното со Брисел и сакаат Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор.
Од 1.215 членови на Конзервативаната партија опфатени со анкетата, 59 отсто се против договорот за Брегзит, а 76 проценти изјавиле дека предупредувањата на ризикот во случај непостигнување договор се „претерани или измислени“.
Само 38 отсто од анкетираните во истражувањето на „ЈуГов“ изјавиле дека го поддржуваат договорот.
Доколку пратениците не го прифатат постигнатиот договор, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март без никаков аранжман, што се смета за најлошо сценарио за британската економија поради прекинот на трговијата со Унијата.
На британската премиерка и се потребни 318 гласови за усвојување на договорот во Парламентот. Меѓутоа, 117 од 317 пратеници од нејзината Конзервативна партија се изјаснија против премиерката при гласањето за нејзина доверба на 12 декември 2018 година.
Тоа значи дека, доколку не добие поддршка на 256-те пратеници на опозициската Лабуристичка партија, која соопшти дека нема да го поддржи договорот, Меј ќе треба да се обиде да предомисли голем број парламентарци од нејзината партија.