Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права соопшти дека не може да ја процени правичноста на судењето кое се води во Саудиска Арабија, против осомничените за убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Портпаролот Рави Шамдасани изјавила дека Канцеларијата на ОН се противи на смртната казна, која е побарана за пет од 11 осомничени за убиството на Кашоги, пренесе Ројтерс.
На првото судско сослушување во случајот Кашоги, обвинителот побара смртна казна за петмина осомничени за убиството на саудискиот новинар и писател.