Една жртва во тропската бура Пабук која го погоди јужниот дел на Тајланд

Од:

Тропската бура Пабук денеска го погоди јужниот дел на Тајланд, соопшти метеоролошката служба на земјата.

Движејќи се кон северозапад со брзина од 18 километри на час, со максимални одржливи ветрови од 75 километри на час, се очекува Пабук да биде намален на тропска депресија, наспроти првичните прогнози дека ќе биде најлошата бура која во последните неколку децении ја погодила земјата.

Пабук прво ја погоди јужната провинција Након Си Тамарат и се очекува набргу да се пробие до провинцијата Сурат Тани, вклучувајќи го и познатиот туристички остров Кох Самуи. Се предвидува дека невремето утре ќе погоди и други туристички места како Пукет и Краби.

Пред да дојде до копното, еден рибар загинал, а друг исчезнал откако нивниот чамец бил зафатен од силни бранови, објави локалната информативна веб-страница Каосод Инглиш.

Повеќе од 100 туристи, исто така, биле спасени од брод од Кох Рача, мал остров во близина на Пукет, пред бурата да ја зафати областа, информира веб-страницата.

Аеродромите на тајландскиот познат туристички остров Кох Самуи и провинциите Након Си Тамарат и Сурат Тани се затворени на неодредено време. Евакуирани се повеќе од 6.000 локални жители, главно од Након Си Тамарат, соопшти Одделот за спречување и ублажување на катастрофи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач