ВИДЕО: Полицијата ги спречи демонстрантите од „Македонија блокира“ да протестираат пред домот на пратеничката Александрова

Од:

Дваесетина граѓани и претставници на движењето „Македонија блокира“ направија обид да се собрерат пред домот на пратеничката Емилија Александрова, која како што велат, е една од 8-те пребегани и уценети пратеници.

Во соседството каде што живее Александрова можеше да се забележи силно полициско присуство, па организаторите не успеаја во намерата да и го предадат писмото, во кое како што рекоа, се образложени причините зошто таа не треба да гласа за уставните измени.

Сепак, претставници на „Македонија блокира“ одржаа говор на разглас, кој останатите присутни го проследија држејќи свеќи во рацете.

„Дигнете глава, ние сме со вас. Излезете со нас, простено ќе ви биде. Дојдете да ја спасиме Македонија заедно, сега веќе нема простор за играње на две столчиња – или сте со народот или не“, рече во својот говор еден од организаторите на протестот.

Собирно место за учесниците беше Собранието, а потоа поворката се упати кон домот на Александрова.

Претходно, „Македонија блокира“ слични настани организираше и пред домовите на други пратеници од опозицијата кои ги подржаа уставните промени.

Би можело да ве интересира

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси