Лидерот на „жолтите елеци“ ослободен од притвор

Од:

Неформалниот лидер на движењето на „жолтите елеци“, Ерик Друе денеска беше ослободен од притвор до датумот на закажаното судење за обвинението за организирање протест без претходно да ја информира полицијата за настанот, соопштија француските обвинители.

Друе беше приведен синоќа во близина на Плас де ла Конкорд во Париз, каде што тој и другите демонстранти планираа да запалат свеќи во чест на загинатите или повредени припадници на движењето.

Парискиот обвинител Реми Хаиц изјави дека Друе претходно во средата објавил повик на социјалните мрежи за собир во централнозападниот дел на Париз.

– Тој беше уапсен откако ги игнорираше наредбите од полицијата да се тргне од булеварот, изјави Хаиц.

Во изјава за медиумите по неговото ослободување, Друе нагласи дека сакал да бидат запалени свеќи за „повредените или убиените во Париз“, а властите „дури ни тоа не го дозволиле“.

Друе го оцени неговото апсење како политички мотивирано.

Според податоците на француското Министерство за правда, за време на протестите на „жолтите елеци” во Франција, од 17 ноември до 17 декември, биле приведени најмалку 4.570 лица, од кои 1.567 само во Париз, на 216 им е одреден притвор, а во тек се кривични истраги за најмалку 697 лица.

За време на протестите, при кои загинаа 10 лица, а над илјада беа повредени, често доаѓаше до судир меѓу демонстрантите и полицијата и беа опожарени голем број автомобили, а многу продавници ограбени.

Протестите на „жолти елеци” беа насочени против францускиот претседател Емануел Макрон, кој кон крајот на минатата година прифати некои од барањата на учесниците во протестите во врска со даночни олеснувања и економска помош.

Движењето на „жолтите елеци“ настана на 17 ноември, кога почнаа протестите поради зголемувањето на даноците за гориво, а името го доби по флуоресцентната елеци што возачите во Франција мора да ги имаат во автомобилите согласно Законот. ир/сп/

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт