Бочварски го посети првото родено бебе во Штип за 2019 година

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на Клиничка болница во Штип, Ален Георгијев го посетија првото родено бебе за 2019 година.

Се работи за женско дете родено вечерта на 01.01.2019 година во 02:45 минути.

„Верувам дека малата Јована којашто е од Македонска Каменица, првото родено бебе во Клиничката болница во Штип, ќе донесе многу среќа, многу нови родени бебиња овде во Клиничката болница во Штип.

Сакам да ја искористам оваа прилика да ја честитам новата 2019 година на семејството на малата Јована, по тој повод денеска традиционално, Општина Штип во соработка со Комерцијална банка донираше штедна книшка на малата Јована, во вредност од 10.000 денари, подарок-столче за бебето и дополнително 10.000 денари ваучер на акушерското одделение,“ изјави Бочварски.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип