Членови на ПССЕ бараат расправа за функционирањето на демократијата во Македонија

Од:

Швајцарскиот парламентарец Андреас Грос и дваесет други парламентарци членови на Парламентарното Собрание на Советот на Европа(ПССЕ) изразуваат загриженост за функционирањето на демократските институции во Репулика Македонија.

– Инцидентот кој се случи во Скопје на 24. декември 2012 година, за време на кој полицијата ги спречи 42 пратеници од опозицијата да имааат пристап во Парламентот за да гласаат, открива сериозни проблеми со демократијата воопшто и парламентарната демократија посебно во земјата, стои во краткото образложение на подносителите кои доаѓаат од 17 држави членки на Советот на Европа и од сите политички групи на ПССЕ.

Тие бараат од Парламентарното Собрание на Советот на Европа да ги проучат од блиску причините за овај инцидент, проблемите кои произлегоа од него во областа на демократијата и причините поради кои тензиите и конфликтите не беа решени на демократски начин. Бараат од ПССЕ да се види што може да биде направено за да се надминат овие проблеми со цел да се рехабилитира и зацврсти демократијата во Република Македонија.

За ова најпрво ќе треба да се изјасни Бирото на паневропската асамблеја, а потоа најверојатно може да се најде и на пленарната сесија.

За случувањата во Македонија ПССЕ беше изворно информиран од страна на членот на македонската собраниска делегација, Игор Ивановски (СДСМ), кој за случувањата зборуваше на пленарната сесија во јануари.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он