А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од денеска забрана за носење невакцинирани деца од МРП вакцината во градинките во Скопје

by А1он03/01/2019 - 10:46451
Share0

Од денеска стапува во сила привремената мерка забрана за носење невакцинирани деца од МРП вакцината во градинки на подрачјето на град Скопје. Забраната следи по прогласена епидемија од морбили на целото подрачје на градот.

Добивај вести на вибер

Од 19 декември кога беше прогласена епидемија во скопската населба Радишани, досега, има 19 заболени, од кои 13 се докажани и шест сомнителни за кои се чека лабораториска потврда во текот на денешниот ден. Сите заболени се невакцинирани лица. Станува збор за деца на возраст од осуммесечна возраст, но и возрасни со 32 и 47 години.

Од потвредените случаи во Скопје се регистрирани три случаи во општина Бутел, и по еден случај во општинините Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром, додека од сомнителните случаи два во општина Аеродром и по еден случај во општините Бутел, Центар и Ѓорче Петров.

Здравствените власти повикуваат на задолжителната вакцинација на невакцинирани деца со МРП вакцината, која е ефикасна во превенција на болеста. Родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца ќе бидат казнети од 350 до 650 евра.

– Работата е под контрола. Се прават увиди во сите вакцинални пунктови на невакцинираните деца, иако тоа го почнавме пред две недели, за жал од вкупно 15.000 невакцинирани деца со повиците од вакциналните пунктови само 310 се вакцинирале што е исклучително мала бројка, истакна вчера на прес-конференција министерот за здравстово Венко Филипче.

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани осум пациенти со јасна клиничка слика на морбили, од кои шест се потврдени, додека кај двајца се чека лабораториска потврда. Сите пациенти имаат компликации, а најголем дел од нив се со бронхопневмонија.

Малите сипаници се високо инфективна болест на респираторниот систем. Се пренесуваат преку воздух, со ситните капки секрет од дишните патишта кои при кашлање, кивање и гласно зборување ги исфрлаат заразените лица. Симптомите вообичаено почнуваат да се јавуваат 10 до 12 дена после изложувањето и траат седум до 10 дена. Иницијалните симптоми вклучуваат треска, често со температура поголема од 40 степени, кашлица, течење на носот и воспалени очи. Мали бели точки познати како Копликови петна може да се формираат од внатрешната страна на устата два до три дена после почетокот на симптомите. Црвен исип вообичаено се јавува на лицето, а потоа се проширува на остатокот од телото три до пет дена после почетокот на симптомите. Компликациите вклучуваат појава на дијареа, инфекција на средното уво, пневмонија, но и воспаление на мозокот.

Лекарите препорачуваат болниот во текот на заболувањето да се изолира, да седи во домашни услови, на амбиентална температура од 24 степени, да се пијат многу течности, чаеви, природни сокови и витаминска терапија. Ако болеста е пропратена со висока температура со контрола и препорака на лекар треба да се земаат и лекови за нејзино намалување.

morbilisipanici

Би можело да ве интересира

Голема епидемија на најзаразниот вирус во САД и во Европа

Горан Наумовски20/05/2025 - 14:07

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

Катерина Ѓуровски29/04/2025 - 14:36

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

Горан Наумовски06/09/2024 - 12:24

Во јуни 551 лице со овчи сипаници, памалку во однос на заболени во мај

Предраг Петровиќ13/07/2024 - 09:19

13-месечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба

Ана Ололовска07/04/2023 - 13:58

Мехмедовиќ: Детето со морбили во добра состојба е пуштено на домашно лекување

Катерина Ѓуровски04/04/2023 - 17:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен