Гром удри во куполата на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, на истиот ден кога Папата Бенедикт XVI го објави своето повлекување. Одлуката ги изненади дури и неговите најблиски соработници.
Папата својата оставка ја објави на латински, за време на состанокот со кардиналите во Ватикан, објаснувајќи дека тој повеќе ја нема „силата на умот и телото“ за да продолжи да води повеќе од една милијарда римокатолици ширум светот.
Фотографијата на молња што удира во куполата на своите страници ја објави италијанската агенција АНСА, по што таа се прошири по друштвените мрежи со брзина на молња.