Зафиров: Кога го обезбедував Груевски добивав илјадници честитки, сега едвај педесетина

Од:

Светскиот вицешампион во бодибилдинг, Тоше Зафиров, кој беше и дел од тимот за обезбедување на експремиерот Никола Груевски смета дека за разлика од порано, сега добива искрени честитки за Нова година. Според Зафиров, додека тој го обезбедувал Груевски добивал по илјадници честитки, а сега, кога сите го заборавиле поранешниот премиер, добива едвај 50 пораки.

„Си беше еднаш едно време кога бев обезбедување кај едно човече (Никола Груевски) и тогаш за Нова година добивав околу 1.000 пораки со честитки. Потоа не бев веќе кај човечето, и бројката се намали на 300-350. По некое време, кого го заборавивме човечето таа се намали накај педесеттина, но барем си знам, малку се, но сепак искрени пријатели се. Ете, таква е оваа приказна. Среќна нова 2019 година“, напиша Зафиров на социјалните мрежи.

Откако Зафиров се повлече од МВР, тој активно се занимава со бодибилдингот. Минатата година, тој ја претставуваше Македонија на повеќе натпревари, а последно беше во Италија каде освои шесто место. Пред две години, Зафиров ја објави својата книга „Патот кон врвот“, во која пишува за неговиот приватен и професионален живот.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно