САД и Израел од денес и формално излегоа од УНЕСКО, агенцијата на Обединетите Нации за култура, наука и образование. Оваа одлука ја донесоа поради наводни антиизраелски ставови на оваа организација.
Одлуката за повлекување од членството во УНЕСКО стапи на сила со почетокот на новата година, откако претседателот на САД, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху го најавија тоа уште во 2017.
Овој потег е од процедурална природа, но претставува вистински удар за агенцијата. САД беа едни од основачите по завршувањето на Втората светска војна. Тие го стопираа финансирањето на УНЕСКО, откако агенцијата ја прими Палестина во 2011 година.
Вашингтон побара да се спроведе фундаментална реформа на агенцијата, која е најпозната по својата програма за аштите на светско културно наследство и традиции.