Мобилните се проверуваат по 150 пати дневно

Од:

Мобилниот телефон е апарат без кој многу луѓе на светот воопшто не би можеле да живеат. Зависноста стана толку сериозна што мобилните се „проверуваат“ на секои шест и пол минути, без разлика дали станува збор за порака, повик или статус на некоја од социјалните мрежи.

Утврдено е дека првиот поглед на мобилниот телефон кај повеќето луѓе е секое утро при будење, бидејќи се користи функцијата за аларм. Поради истата функција мобилниот е и последната работа која се погледнува пред спиење. Многу луѓе својот смартфон го користат и за да ги проверат мејловите, да ги погледнат занимливостите на интернет или за посета на некоја социјална мрежа.

Корисниците ги проверуваат своите смартфони просечно 150 пати дневно во 16 часа колку што се будни. Истиот случај е и со оние кои користат помалку напредни телефони.

Во просек луѓето добиваат 22 повика и испраќаат 23 пораки во денот, изјави Томи Ахонен, консултант за мобилна технологија.

Играњето игри, менувањето музика, фотографирањето, како и додавање контакти во именикот на смартфоните само го зголемува бројот на користење на овој апарат во текот на денот, покажуваат резултатите од истражувањето кое го нарачала компанијата „Нокиа“.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска